Денеска, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, додели 60 смарт таблети во трите основни училишта на територија на општина Илинден, по повод новогодишните и божиќните празници. Смарт уредите се наменети за ученици од второ и IV одделение, како и за ученици од социјално загрозени семејства, со цел успешно следење на наставата по новиот концепт и програма.
Градоначалникот Георгиевски, истакна дека главната цел, е обезбедување на квалитетна настава и креирање на можности за унапредување на воспитно-образовниот процес. Со овие таблети ќе им се помогне на децата од социјално загрозените семејства, ќе се зголеми квалитетот на образовниот процес на учениците, а локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади.
Покрај смарт таблетите градоначалникот Георгиевски додели новогодишни пакетчиња за децата со попреченост од двете хуманитарни здруженија ,,Боиме сино” и ,,Илинден” кои се единствени на територија на општина Илинден и со кои локалната самоуправа има потпишано Меморандум за соработка.
Како што изјави градоначалникот Георгиевски, со овие новогодишни пакетчиња сакаме и на овие деца да им подариме насмевка и да почувствуваат дека се дел од нас и ние не ги забораваме. Градоначалникот на сите деца им посака во новата 2023 година да имаат здравје, среќа и љубов.