Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски присуствуваше на настанот организиран од УСАИД во рамки на проектот ,,Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите” . Проектот е финансиран од САД и има за цел создавање на партнерство за поефикасни општини.
Поради успешната соработка, на градоначалникот Георгиевски му беше врачен сертификат за посветеноста во општина Илинден во реализирањето на техничката поддршка од Проектот, како и постигнатите резултати во унапредување на административните капацитети за зголемување на приходите од сопствени извори на финансирање, пристап до надворешни извори за финансирање, како и зголемување на нивото на извршување на буџетот на општината. На настанот беа претставени најзначајните постигнувања на проектот, искуствата и резултатите од заедничката соработка со партнер-општините.