Во просториите на Општина Илинден на прием кај градоначалникот Александар Георгиевски беше секретарот на Демократската партија на Македонците во Србија, Александар Божиновски, кој како претставник на локалната самоуправа на Врање, разговараше со градоначалникот Георгиевски за потенцијалната соработка помеѓу општините Илинден и Врање, како и за сите можности и идни проекти во интерес на двете локални самоуправи.
Токму за оваа цел беше потпишан и меморандум за меѓународна соработка кој го воспоставува одржливото и успешно партнерство, уважувајќи ги територијалната, историска, културна и национална блискост на граѓаните на двете подрачја. Со меморандумот се афирмираат потенцијалните и се создаваат нови модели за соработка во земјоделието, културата, образованието, спортот и други клучни гранки.
Градоначалникот Георгиевски истакна дека градењето добрососедски односи со локалните и меѓународни општини е од особена важност, како за Илинден, така и за регионот. Следствено, дека се надева на успешна и плодна соработка помеѓу Илинден и Врање.

