Општина Илинден во соработка со ЈП „Македонски железници  и инфраструктура“ , го реконструираше  коловозот на патниот и железнички премин Дељадровци – Мршевци .

Коловозот е реконструиран  со елементи од рециклирана гума,  според највисоки стандарди  кои овозможуваат лесно  и безбедно поминување на железничката пруга.

Реконструкцијата заврши во предвидениот рок и е прва од вкупно трите патни премини кои се реконструираат во Општина Илинден.

Започна и реконструкцијата на патниот железнички премин Миладиновци – Бујковци, кој во моментот е затворен за употреба се до целосно завршување на работите.

Општина Илинден по завршувањето на реконструкцијата на патниот железнички премин во Миладиновци, ќе отпочне и со реконструкција на преминот Илинден.