Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков, и директорот на АФПЗР, Илија Стоилев.

На средбата се разговараше за поддршката на европските фондови, преку ИПАРД програмите, капацитетите и потребите на општината за поголемо искористување на тие средствата а со цел поголема реализација на проекти од интерес на граѓаните.

Како што истакна градоначалникот Георгиевски, Општина Илинден секогаш се труди да овозможи услови за поголема помош и поддршка на граѓаните и бизнис секторот. Тој додаде дека институцционалниот капацитет на општините е секогаш пресуден за успех и реализација на повеќе проекти.