Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Н.Е. Ангел Ангелов.

На средбата се разговараше за идна соработка и реализација на  проекти во делот на социјалната заштита во општина Илинден. Исто така беа разменети и позитивните искуства применети во општините на Република Бугарија.

На работната средба беше договорено да се продлабочи соработката, да се работи посветено и со силен интензитет во насока на подобрување на  условите и квалитетот на живот на граѓаните.