Денес во населеното место Ајватовци беше пуштено во употреба новото детско игралиште. Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.
Градпначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денес го посети новото детско игралиште и рече ова игралиште претставива континуитет на успешните проекти, а дечињата и од ова населено место добија убаво уреден простор за игра и рекреација.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција на постојните и изградба на нови детски игралишта во останатите населени места.