Пуштено во употреба првото детско игралиште во  населбата Јака во општина Илинден. Во рамки  на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, пристапна патека, поставени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посети детското игралиште и истакна дека конечно и децата од населбата Јака добија место за игра и забава. Најмладите од овој дел на општината имаат ново катче каде можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава.

Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината.