Општина Илинден склучи меморандум за соработка со компанијата Панекс експо дооел, со цел да се организира настан кој ќе ги поврзе локалните бизниси, претприемачи, инвеститори и други клучни актери за стимулирање на економскиот развој и создавање на нови можности за раст во општината.
Оваа соработка ќе се насочи кон поддршка на „Првиот Регионален саем за економски развој во општина Илинден“ во организација на Панекс експо дооел, чиј покровител ќе биде токму Општината. Настанот се планира да се одржи на 26-27 јуни 2025 година.
Склучувањето на овој меморандум е од голема важност за стимулирање на економскиот и бизнис развој, којшто во последните неколку години во општина Илинден постојано се движи во нагорна линија. Затоа, ваквиот поттик за економско вмрежување на локалните економски сектори е исклучително важен како за жителите на самата општина, така и за сите засегнати граѓани во државата. Општина Илинден е една од ретките општини, што има прилика да соработува и да биде дел од една ваква иницијатива, која е клучна за економскиот развој на локалните бизниси и претприемачи.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека организирањето на овој Регионален саем е од особена важност за поврзување на бизнис секторите, како и дека Општина Илинден и во иднина ќе продолжи да се грижи за развивање и унапредување на економскиот и бизнис сектор.