Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 22.08.2023 год. (вторник ) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши четвртото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.
Акцијата ќе се реализира согласно Програмата за поголема безбедност и заштита на граѓаните од појавата на комарци. Теристичкото прскање против комарци ќе се спроведува со УЛВ ладно замаглување од специјално возило.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ако временските услови не го дозволат теристичкото прскање, тоа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.