Во организација на UNDP и Хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден” во конференциската сала на Домот на култура „Илинден” се одржа информативна средба посветена на програмите, активностите и актуелните мерки од програмата „Економија на грижа”.
Оваа програма е дел од оперативниот план на Владата, активните програми и мерки на пазарот на трудот за 2021 година.
Станува збор за две мерки, Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, и втората мерка, Поддршка за претприемништво и формирање на правни субјекти-даватели на услуги за грижа на заедницата.
Со првата мерка се овозможува поддршка на постоечки правни субјекти/ Здруженија на граѓани кои преку посебна организациона единица ќе испорачуваат социјални услуги во домот и социјални услуги во заедницата за лица со попреченост и лица со најтешки хронични болести и долгорочно болни лица. Услугите кои ќе се испорачуваат од страна на поддржаните даватели на услуги ќе бидат усогласени со стандардите на квалитет и процедурите коишто се утврдени или, ќе се утврдат од страна на Министерството за труд и социјална политика.
Преку мерката ќе се обезбедат услуги за одмена на семејна грижа, преку која се обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови на семејството заради одмена, одмор и задоволување на лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив.
Целта на втората мерка е поддршка за создавање на нови работни места преку отворање на нови правни субјекти – Здруженија на граѓани коишто ќе обезбедуваат услуги за грижа во заедницата.
Овие мерки се наменети за невладиниот сектор, невработените лица, а целта е на локално ниво да се претстават можностите преку „Економија на грижа” за воспоставување и унапредување на социјални сервиси на локално ниво.
За овие мерки заентересираните можат да аплицираат преку следните линкови: