Како дел од Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2022 година, извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територијата на Општината. Со дератизација се опфатени 662 шахти што се наоѓаат на јавните површини во Општината.
Истовремено извршена е и пролетна дезинфекција на јавните објекти на површина од 3300 метри квадратни.
Покрај пролетната дератизација и дезинфекција, согласно Елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливи заболувања, извршена е првата ларвицидна дезинсекција за уништување на ларви од комарци на површина од 50 хектари.
Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението.