Профил на општината

Профилот на Општина Илинден има за цел да обезбеди информации за Општината кои може да се користат како пристап во идентификувањето и имплементирањето на иницијативи за развој на Општината или, како место за живеење и вложување кое е во голем подем за локален економски развој. Тој се базира на информации кои се превземени од заводот за статистика и релевантни документи на Општината (истражувања, стратегии, монографија на Општината, и др). Конкретно профилот на Општина Илинден има за цел претставување на моменталната состојба во различни сегменти, како и капацитетите и ресурсите кои како општина ги овозможува на своите жители.

Географска положба

Општина Илинден се наоѓа на географски координати 41°59′45″N 21°34′55″Е, во непосредна близина на главниот град Скопје, поточно на само 10 км оддалеченост од потесното градско подрачје. Временската зона е CET (UTC+1). Го зафаќа источниот делна Скопската котлина, на тромеѓето Скопје-Куманово-Велес. Седиштето на Општината се наоѓа во н.м. Илинден, поранешно Белимбегово. Во основа, територијата на Општината има рамничарска морфологија на теренот со 80% од површината, а 20% е мал ридест дел во северозападен правец на падините од Скопска Црна Гора. Од запад се граничи со Општина Гази Баба, од северозапад со Општина Арачиното, од север – североисток со Општина Куманово, а од исток и од југ со Општина Петровец. Поради својата географска положба и богатата инфраструктура, Општина Илинден претставува одлична средина за индустриски и економски развој.

Хидрографија

Општина Илинден има скромна хидрографија, бидејќи на својата територијата нема постојани природни водотеци, освен сливот на Сува река, кој го сочинуваат две помали реки кои се во поголемиот дел од годината пресушени. Сува река се формира од две притоки, од кои едната минува низ населените места Бучинци, Мршевци и Бујковци содолжина од 6.000 метри, а другата поминува низ населените места Дељадровци, Текија и Миладиновци, со должина од 4.000 метри и продолжува кон Петровец со должина од 5.000 метри, наводнувајќи ги овие подрачја. На поголем дел има отворени одводни канали за одводнување на површинската и високата подземна вода кои се користат и за наводнувањена земјоделските површини. Каналската мрежа која е дел од системот Скопско Поле се состои од главни, секундарни и терцијални канали за одводнување на површините, чија вкупна должина изнесува околу 100 км. Исто така, постои и мала вештачка акумулација на Сува река кај н.м. Бучинци со површина од околу 2 ha и длабочина 3 до 4 метри која се користи за собирање на надојдените води од падините на Скопска Црна Гора и заштита од поплава на населените места по сливот на реката (Мршевци, Бујковци и Миладиновци). Во минатото, се користела за наводнување на земјоделските површини во околината. Во тек на подолготраен сушен период и оваа акумулација пресушува.

Геолошка структура и релјефни карактеристики на теренот

Територијата на Општината се наоѓа меѓу 230 и 550 метри надмосрка висина помеѓусуво земјиште на исток и север, a барско на јужната и западната страна. Од геолошка гледна точка, застапени се претежно делувијални почви настанати со ерозија и транспортирање на матичниот субстрат на почвата од повисоките ридскипредели, со помош на површинските води и водотеци настанати од поројни врнежи. Почвата најчесто е песокливо-илеста, лесно цедлива, пропустлива, топла и добро аерирана. Содржи низок процент на инертна влажност и низок воден капацитет, поради што е подложна на суша. Исто така, застапени се разновидни глини, сиво-бели лапорци, песоци, слабо врзани песочници, крупно зрнести песоци, глиновити песоци. Просечниот литолошки состав претставува глина со тенки прослојки и млазеви од песокливи и прашнести глини кои се добро збиени и водонепропустливи. На територијата на Општината издвоени се следниве геолошки формации: квартер, неоген, креда, тријас, рифеј и прекамбриум. Територијата на Општината лежи на алувијален нанос и органомочуришни седименти кои се развилево текот на квартер. Алувијалните наноси претставуваат мека и трошна маса погодна за обработување. Органогено-мочуришните седименти се застапени во најголем дел од површината на Општината. Овие седименти се изградени од органогена тиња со високасодржина на хумусна материја, поради што, денес тоа е најплодна почва. Поголемиот дел од територијата на Општината е под 400 м. н.в. и е благобрановиден со падови кои постепено се спуштаат кон полето наречено Блатија. Затоа и на територијата на Општина Илинден, поради рамничарскиот релјеф, отсекогаш постоеле поволни услови за одгледување на мошне квалитетни земјоделски култури. Покрај ова, во рамничарските предели на Општината процесот на ерозија е слаб, што придонесува негативните последици да бидат минимални.

Климатски карактеристики

Климатските карактеристики во Општина Илинден произлегуваат од повеќе фактори: географска положба, влијанието на Егејското Море, надморската височина и локалните орографски услови. На територијата на Општината се чувствуваат влијанијатана континенталната и на медитеранската клима. Влијанието на медитеранската клима е послабо, додека влијанието на континенталните воздушни маси, кои преку Качаничката Клисура и Кумановско-Прешевската превлака од север и северо-запад навлегуваат натериторијата на Општината, е посилно. Климата е со модифицирано медитеранско и континентално влијание коеманифестира посебна месна клима. Летата се топли, дури и многу топли и суви, а зимите сеумерено студени. Есента е потопла од пролета, а апсолутното колебање на температуратапретставува јасен показател за континенталноста на климата. Средната годишна температура на воздухот изнесува 12,2OC. Апсолутната максимална температура изнесува 41,5OC, а апсолутниот минимум изнесува минус 25,6OC. Во летните месеци средниот месечен максимум изнесува 30,9OC, а дневниот 35,8OC. Минимални температури се регистрираат вој Јануари со средно месечен просек од +0,2 OC и среден месечен минимум од минус 3,4OC. Висината на атмосферските врнежи се движи околу 500 мм годишно, а средно годишната релативна влажност на воздухот изнесува 70%. Врнежите, главно, се застапени со дожд, додека снежната покривка се задржува просечно 25 дена во годината. Има просечно 63 дена со магла, а годишната инсолација изнесува просечно 2.102 сончеви часови. Ветрови се јавуваат од сите правци и меѓуправци, а преовладува Вардарецот кој дува од северозападен правец. Средната брзина на ветерот е приближно иста во сите правции се движи од 6 до 8 m/s, а максималната брзина е измерена од североисточен правец иизнесува 23 m/s.

Растенија (флора)

Поради специфичните природни услови и промени на климата на ова подрачје, растителните видови се присутни во мал број. Преовладува тревната заедница попасиштата, а природната вегетација е многу малку и фрагментно застапена со поединечнидрвја и грмушки. На ваквата состојба негативно влијание имал и човечкиот фактор, кога шумите биле неконтролирано и безмилосно сечени за огрев. Исто така, развојот на сточарството придонел за намалување на шумскиот фонд. Од природната шумска вегетација се среќаваат остатоци од некогашна шумскабиоценоза и тоа, како поединечни стебла од даб благун, полски брест, дива круша, врба, чалија, дива роза, и др. Во последно време евидентно се забележува антропогенизацијата на територијата на Општината, особено при пошумувањето на голини и пасишта. Пошумувано е претежно со аризонски чемпрес, црн бор, јасен, багрем, и др. Овие видови формираат добро склопении квалитетни шумски појаси со големо заштитно-еколошко значење кои ќе придонесат за намалување на негативните влијанија врз животната средина.

На територијата на Општина Илинден постојат само 20% листопадни и 80% зимзелени шуми од вкупно 50 хектари површини под шуми, што претставува 0.046% од вкупнатаповршина на Општината. Од оваа површина под шуми, 10 хектари се во приватна сопственост, а 40 хектари се во општествена сопственост. Со цел да се збогати шумскиот фонд реализирани се повеќе акции за пошумување, при што на неколку локации пошумена е површина од 590 хектари.

Животни (фауна)

Поради релативно малата површина на Општина Илинден, екосистемот на флората и фауната не се одликува со некоја позначајна разновидност. Од цицачите присутни се: зајак, јазовец, волк, лисица, крт, еж, желка, и др. Од птиците евидентирани се: јастреб кокошкар, јастреб врапчар, сива врана, страчка, полска еребица, кукавица, врабец, ластовичка, пупунец, гавран, гугутка, див гулаб, штрк, и др. Класатa на влечугите ја претставуваат повеќе видови гуштери, смок, пепелавиот поскок, шарка, шарен дождовник, и др.