Во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2024“ кој се одржуваше во Општина Илинден изминатите три дена, денеска се одиграа финалните натпревари на спортските терени во Марино и Кадино. На турнирот имаше околу 2000 учесници од околу 160 екипи, од европски, балкански и македонски клубови, деца на возраст од 7 до 12 години.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски ги доделија медалите и пехарите на најдобрите екипи.
Екипите беа поделени во шест категории, такашто во категоријата на деца од 2012 година првото место го освои „Кожуф“, второ место за „Н.Колонија„ и третото место за „Форца“.
Во категоријата на деца од 2013 година првото место им припадна на „Партизан“, второ место за „Еуроспорт“ и трето место за „Национал А“.
Во категоријата на деца од 2014 година првото место е за „Партизан“, второ место за „Будучност“ и трето место за „Гроздановски ЦРВ“.
Во категоријата на деца од 2015 година првото место го освои екипата на „Национал А“, второто место за „ЦР.Ѕвезда“ и третото место „Форца“.
Во категоријата на деца од 2016 година првото место е за „ЦР.Ѕвезда“, второ место за „ЦСКА“ и третото место за „Форца“.
Во категоријата на деца од 2017 година прво место е за „Тампа кидс“, второто место е за „Бутел“ и трето место за „Аеродром“. „ИЛИНДЕН КУП 2024“ е во организација на Фудбалската школа „Гроздановски“ а под покровителство на Општина Илинден. На терените во Марино и Кадино изминатите три дена публиката и љубителите на фудбалот имаше можност да проследи интересни фудбалски натпревари, доста детски но и професионални маневрации со топка.