Во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2023“ кој се одржуваше во Општина Илинден изминатите три дена, денеска се одиграа финалните натпревари на спортските терени во Марино и Кадино. На турнирот имаше околу 1000 учесници од 120 екипи, од 50-тина европски, балкански и македонски клубови, деца на возраст од 8 до 12 години.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, фудбалските легенди Илија Најдовски, Вујадин Станојковиќ и Влатко Гроздановски ги доделија наградите и пехарите на најдобрите екипи.
Екипите беа поделени во пет категории, такашто во категоријата на деца од 2012 година првото место го освои „Бершот“, второ место за „Форца„ и третото место за „Титан“.
Во категоријата на деца од 2013 година првото место им припадна на „Партизан“, второ место за „Реал Лазаревац“ и трето место за „Галакси“.
Во категоријата на деца од 2014 година првото место е за „Партизан“, второ место за „Биџо“ и трето место за „Раднички Крагуевац“.
Во категоријата на деца од 2015 година првото место го освои екипата на „Војводина“, второто место за „Андерлехт“ и третото место за домаќините „Гроздановски“.
Во категоријата на деца од 2016 година првото место е за „Тампа кидс Брасов“, второ место за „Бершот“ и третото место за домаќинот „Гроздановски“. „ИЛИНДЕН КУП 2023“ е во организанизација на Фудбалската школа „Гроздановски“ а под покровителство на Општина Илинден. На терените во Марино и Кадино изминатите три дена публиката и љубителите на фудбалот имаше можност да проследи интересни фудбалски натпревари, доста детски но и професионални маневрации со топка.