Во присуство на голем број жители на општина Илинден, љубители на велосипедизмот се одржа Велосипедска трка во организација на Општина Илинден, а во соработка со Велосипедската федерација на Република Македонија, во должина од 100 километри. 

На велосипедската трка која е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја земаа учество околу 70-тина професионални велосипедисти од цела држава во 6 категории: У-23, јуниори, жени, кадети, мастерс и елит.

На големо задоволство на љубителите на овој спорт од категоријата У-23 прв до целта стаса Александар Милошевски, додека во категорија елит прв до целта стаса Стефан Петровски.

Велосипедската трка која беше од кружен карактер а стартната позиција од спортската сала ,,Гоце Делчев, се возеше кон општинската зграда, надвозникот во н. Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци,Текија, Миладиновци, Кадино, Марино и назад кон целта – сопртска сала ,,Гоце Делчев”.

Покрај професионалната трка се одржа и трката за рекреативци, на која со своите велосипеди учествуваа голем број љубители на велосипедизмот, особено млади велосипедисти. Во оваа рекреативна трка учествуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, старт прозцијата беше од пред спортската сала ,,Гоце Делчев”, потоа се возеше кон Марино, назад кон Илинден, по улица ,,8”, нов кружен тек, улица ,,9” се до спортската сала ,,Гоце Делчев”.

Пригодни награди на најдобро пласираните како и жолти маички на победниците им додели покровителот на настанот, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, а Велосипедската федерација на Република Македонија на градоначалникот му додели плакета во знак на благодарност.

Покрај професионалната трка се одржа и трката за рекреативци на која учество со своите велосипеди земаа голем број жители на општина Илинден, особено млади велосипедисти. Рекреативците стартуваа од пред спортската сала ,,Гоце Делчев”, потоа возеа кон Марино, назад кон Илинден, по улица ,,8”, нов кружен тек, улица ,,9” се до спортската сала ,,Гоце Делчев”. Пригодни награди на најдобро пласираните како и жолти маички на поберниците и пехари им додели покровителот на овој настан, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.  

Пригодни награди на најдобро пласираните како и жолти маички на поберниците и пехари им додели покровителот на овој настан, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.

Категорија мастерс

1.Ивица Давидовски

2.Игор Михајловски

3.Ален Денковски

Категорија кадети

1.Сами Каја

2.Константин Иостовски

3.Леон Милетии

Категорија жени

1.Елена Петровска

2.Дуња Иванова

3.Андријана Анастасовска

Категорија јуниори

1.Немања Пауновски

2.Андреј Маџоски

3.Валентино Петровски

Категорија У-23

1.Александар Милошевски

2.Виктор Ванчевски

3.Андреј Петрушевски

Категорија елит

1.Стефан Петровски

2.Кирил Мариовски

3.Тефик Салахи