Продолжува активностите во рамки на акцијата „Градежна офанзива” во чии рамки летово ќе се изврши реконструкција на повеќе улици и пешачки патеки во повеќе населени места во општината.

Во Марино заврши целосната реконструкција на улица 412, која е со вкупна должина од 130 метри. Aсфалтиран е и пристапниот пат до гробиштата во Дељадровци, во вкупна должина од 120 метри.

За време на реконструкцијата на улиците увид во градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој го следеше текот на градежните работи. Градежните активности за реконструкција на постоечката и изградба на нова сообраќајна инфраструктура е еден од најголемите приоритети за Општина Илинден и овие активности ќе продолжат да се реализираат во наредниот период со засилена динамика.