Градежните активности во oпштина Илинден се одвиваат со засилено темпо, при што се врши и пробивање на нови улици на повеќе локации во општина Илинден, кои се наоѓаат во урбан и вон урбан опфат, односно во земјоделските предели.  

Патна инфраструктура е приоритет на локалната самоуправа, а со пробивањето на новите улици им се овозможува на жителите од општина Илинден полесен пристап до нивните имоти.

Пробиени се нови улици во населено место Ајватовци во должина од 100 метри, во пределот околу населба Јака во должина од 240 метри, во местото викано Ограѓе во должина од 180 метри, како и земјоделски пат во пределот покрај жекезничката пругата во Плац, во должина од 170 метри.

Општина Илинден и во наредниот период продолжува со активности за изградба, санација и реконструкција на локалните улици и патишта со цел подобрување на локалната патна инфраструктура.