Во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, во Општина Илинден се одржа работен состанок на кој присуствуваа, градоначалникот  Александар Георгиевски,  директорот на Проектот г. Бардул Марку заедно со тимот од Проектот како и претставници од Општината.

На состанокот  се разговараше за позитивните промени во Општина Илинден како резултат на 18 месечната техничката поддршка од Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Во тек е само-проценка на нивото на капацитетите на Општина Илинден по завршување на поддршката од Проектот, во областите: управување со општински јавни финансии, планирање и извршување на буџети, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори, пристап до надворешно финансирање, и овозможувачка средина за вклучување на приватниот сектор.

Општина Илинден беше една од првата група на 15-те партнер општини кои соработуваа со Проектот од мај 2021 година до декември 2022 година, во кој период Општината ги зголеми: наплатата на приходи од сопствени извори и наплатата на данокот на имот, активната, буџетеска и даночната транспарентност, капацитетите на одделението за Локален Економски Развој за подготовка на проектни апликации и соработка со деловниот сектор.