Во посета на Општина Илинден денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој заедно со градоначалникот Александар Георгиевски посетија неколку локации во Општината, каде во тек е реализација на капитални инфраструктурни проекти.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и градоначалникот Георгиевски се запознаа со текот на изградбата на капиталниот проект за изградба на фекална канализација во населба Јака, која е во должина од околу 7600 метри, со кои ќе бидат опфатени сите домаќинства во населбата. Исто така беше извршен увид во градежните активности и на улицата „532” која е од големо значење за жителите и стопанските субјекти од овој дел на Општината, како и реконструкцијата на водоводниот систем, со цел поквалитетни услуги за побезбедна вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изрази задоволство од интензитетот на реализацијата на капиталните проекти во општина Илинден. Од своја страна, градоначалникот Георгиевски истакна и во иднина во фокусот на локалната самоуорава ќе биде реализацијата на капитални проекти од интерес на сите граѓани на општина Илинден.