Во рамки на отпочнување на активностите од проектите финансирани од Владата на Република Македонија, Општина Илинден ја посетија премиерот на Владата на РМ проф. др. Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски на терен, заедно со премиерот и министерот извршија увид на градежните работи кои се одвиваа на изградбата на улица 19 во должина од 518 метри со тротоар од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и дел од улица 20 во должина од 350 метри со тротоар од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри во населба Јака. Дополнително градоначалникот потенцираше дека со проектите од Владата се опфатени изградба на нов мост и сервисна улица во населба Јака, како и изградба на фекална канализација во населено место Кадино, како и реконструкција на локалниот пат Бујковци-Мршевци. Средствата за реализација на овие проекти се 70% од Владата на РМ, а 30% од Буџетот на Општина Илинден.
Градоначалникот Георгиевски напомена дека Општина Илинден е во една сериозна градежна офанзива, каде дел од проектите се веќе започнати, а дел допрва ќе отпочнат со реализација. Периодот во 2025 година ќе биде искористен максимално со реализирани проекти, такашто очекува 2025 да ја надмине претходната година во реализирани проекти.

Премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен од динамиката на работа која се одвива во Општина Илинден, а Владата секогаш ќе ја дава поддршката за реализација на проектите во Илинден. Тој додаде дека, во населеното место Јака немаше ништо, а сега се гледа дека се вложени многу средства, интензивно се гради, се инвестира и се гледа дека од ден на ден станува пристојно и посакувано место за живеење.
Министерот Перински изјави дека со реализацијата на овие проекти, изградбата на овие улици значително ќе се подобри животот на граѓаните кои живеат во тој дел на општината. Ова е само уште една потврда дека оваа Влада е подадена рака за поддршка кон општините, се со цел да се подобри квалитетот на живот на граѓаните.
Општина Илинден и понатаму останува посветена на реализација на проектите, со цел подобрување и обезбедување квалитетни услови за живот на граѓаните.