Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2023 година, ги повикуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица на средба во Општината на 3,4,10 и 11 декември со почеток од 11.00 до 14.00 часот со градоначалникот Александар Георгиевски за активно и заедничко креирање на буџетот.

Бидете дел од промените во Општина Илинден со директно учество за подобрување на квалитетот на локалните услуги и условите за живот,ваквата инклузивна можност  воспоставува процеси на брзо и квалитетно решавање на проблемите на жителите и одговорност, транспарентност и отчетност во работата на локалната власт.