Општина Илинден, заедно со Иницијативниот одбор за млади, објавуваат повик за членови на конститутивното Локално собрание за млади во согласност со член 46а став 3 од Статутот на Општина Илинден.
Во Собранието на млади можат да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои не мора да бидат регистрирани во општината, но мора да имаат спроведено активности на територијата на општината кои ќе ги докажат .
Секое лице кое е на возраст 15-29 години, а ги исполнува горенаведените услови, се охрабрува да аплицира.
Рокот за аплицирање е до 04.07.2022, а Вашите биографии треба да ги доставите на следната е-маил адреса: ilinden@ilinden.gov.mk