Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување на нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.

Во рамките на овој проект поставена е нова линија за улично осветлување на влезот во населеното место Бучинци, во должина од 400 метри, како и нова линија од 50 метри, на една споредна улица во ова населено место.

Покрај активностите за поставување на нови линии за улично осветлување се врши и докомплетирање на постојните линии и се вршат интервенции за отстранување на оштетените сијалични места при што се вградуваат нови. Досега низ цела територија на општината се променети над 300 сијалици и заменети со ЛЕД светилки, како и поставени 15 столбови со ЛЕД светилки.