ВИЗИЈА
Општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна Општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економскисоцијален развој, како квалитетен живот на населението.

МИСИЈА
Општина Илинден има за цел да обезбеди одржлив развој користејки ги располозливите природни ресурси и човечки потенчијали насоцени кон создавање просперитетна иднина на целокупното население и заедницата.

Политиката за квалитет е составен дел на Политиката на Градоначалникот и Општинската администрација и претставува рамка за дефинирање на целите за квалитет.Општина Илинден во остварувањето на својата мисија е насоцена кон:

  • Создавање на современа и комплетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги за потребите на граѓаните и штопанството;
  • Создавање на поволни услови за одржлив економски развој и создавање на поволна инвестициона клима и отварање на нови работни места;
  • Зајакнување и промовирање на релациите на партнерства помеѓу јавниот и приватниот сектор;
  • Искористување на локалните ресурси и создавање на услови за рекреативен и транзитен туризам;
  • Развивање на образованието, културата, здравството, спортот и заштитата на животнатасредина во насока на подобрување на квалитетот на зивеење во Општината;
  • Тимската работа е основа за компетентноста и професионалноста;
  • Законско исполнување на потребите и очекувањата на нашите граѓаните и останатите заинтересирани страни;
  • Континуирано ќе го следи степенот на задоволство на корисниците и ќе ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на своите услуги.
  • Спроведување на оваа Политика и достигање на нова деловна култура и компентетност се потикнува со програма за оспособување и мотивација на сите вработени;
  • Создавање на ефикасна и граѓански ориентирана општина преку воведување, оддрзување и постојано подобрување на Систем за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015;

МОТО: ДА ГИ ИСКОРИСТИМЕ СИЛНИТЕ СТРАНИ НА ОПШТИНАТА

Датум: 21.12.2022