Подрачното училиште во Бунарџик кое е во рамки на ООУ ,,Ристо Крле” – Кадино, доби нов лик. Деновиве заврши партерното и хортикултурно уредување на училишниот двор кој подолго време беше запоставен, а за подобар престој и рекреација на учениците се поставени и детски реквизити, лулашки. Исто така поставен е нов довод за вода кој во мнатото бил со дефекти и непотребно излевање на водата за пиење.
Во делот на условите за квалитетен образовен процес континуирано се вложува во поквалитетна и современа настава, за таа цел се обезбедени пет паметни смарт табли, три во централното училиште во Кадино и по една во подрачните училишта Мралино и Бунарџик. Информатичката технологија е значаен сегмент во наставните програми, во Централното училиште во Кадино опремен е кабинетот по информатика со нови лаптоп компјутери, монитори, слушалки, на старите и дотраени училишни клупи заменети се со нови. Подрачното училиште во Бунарџик го посети градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на училиштето, Јовче Петковски. Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден континуирано работи на изградба и создавање на модерни услови во образованието.