Деновиве на повеќе локации во општина Илинден извршено е поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот. Во тие рамки се реализира проектот за подобрување на сообраќајната сигнализација на постојните улици во општина Илинден.
На неколку локации во населба Илинден обележана е хоризонталната сигнализација, со што покрај подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, сообраќајниците во Општината добиваат нов лик. Притоа, на барање на жителите обележани се нови пешачки премини.
Во рамките на одржувањето на вертикалната патна сообраќајна сигнализација, а со цел поголема информираност на учесниците во сообраќајот поставени се сообраќајни знаци на критичните точки во повеќе населени места на територија на Општината.
Реализацијата на проектите од областа на патната инфраструктура во насока на поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, посебно на пешаците и на велосипедистите, како и подобрувањето на секојдневната комуникација на жителите, се приоритет во работењето на општина Илинден.
Локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со обнова на постојната и поставување на посовремена сообраќајна сигнализација за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.