Општина Илнден континуирано работи на подобрување и модернизирање на локалната патна инфраструктура, со цел обезбедување подобри услови за граѓаните. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта денеска се асфалтираше улица ,,415” во населено место Марино која е во должина од 150 метри.

Увид во работните активности денеска направи и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека финансиските средства за асфалтирање на улиците се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, а во наредниот период ќе се продолжи со асфалтирање и на други улици во повеќе населени места во општината.