Во соработка со ЕВН, општина Илинден континуирано работи на подобрување на електроенергетската мрежа и напојување.

Со осовременувањето на електроенергетската мрежа и инфраструктура за дистрибуција се добива квалитетен и стабилен напон на електричната енергија на територијата на целата општина, што е од исклучително значење за развојот на општината и квалитетот на живеење на граѓаните.

Во моментот се работи во населено место Кадино, а сите овие зафати овозможуваат поквалитетно снабдување со електрична енергија како на домаќинствата, така и на стопанството во општина Илинден.