Повод патрониот празник на основното општинско училиште ООУ „Ристо Крле“, учениците и наставниците реализираа низа на активности и свечена приредба.
Учениците и наставниците од ООУ „Ристо Крле“, се претставија со фолклорна приредба, драмски точки и рецитали.
Приредбата ја следеше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претставници од локалната самоуправа и голем број на гости и родители.