Почитувани граѓани,

Општина Илинден го започнува процесот на изработка на новиот Буџет за 2023 година.

Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните.

Посветени на оваа цел, ги повикуваме  сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица  за активно учество во креирање на новиот буџет со свои предлози за подобрување на условите за живот, да ги посочат предлозите, потребите и  проблемите со кои се соочуваат во општината.

Ваквата инклузивна можност со директно учество од страна на сите граѓани, здруженија и правни лица ќе овозможи ефективни механизми за подобрување на квалитетот на локалните услуги и ќе воспостави процеси на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт.

Ве повикуваме  и охрабруваме  сите Ваши предлози  преку пополнување на анкетен лист да ни ги испратите по електронски пат на официјалната е-маил адреса ilinden@ilinden.gov.mk , или директно во архивата на општината секој работен ден  до 30.11.2022 година.

Предлозите ќе бидат анализирани од соодветните сектори, согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на  проектите и ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми.

Ви благодариме на соработката.