Во општина Илинден денеска беше отворено првото детско инклузивно игралиште, со разновидни реквнизити кои можат да ги користат сите, вклучително и децата со посебни потреби, а се наоѓа во спортско рекреативниот центар во Марино.

Инклузивното игралиште е направено во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност – Македонија и општествено одговорни компании од општина Илинден.

На свеченото отворање на игралиштето градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека ова е првото детско инклузивно игралиште во Општината, но не и последно. Како локална самоуправа ќе продолжиме и во наредниот период да градиме детски игралишта од ваков тип, со цел децата да имаат простор каде ќе можат да се рекреираат. На отворањето, градоначалникот Георгиевски им додели благодарници на општествено одговорните компании кои помогнаа во изградбата на детското инклузивно игралиште и Националниот сојуз Мобилност- Македонија.