Во галеријата на Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден отворена e ликовната изложба на академскиот уметник од општина Илинден, Новица Трајковски наречена ,,Патување”.

Љубителите на ликовната уметност имаа можност да погледнат околу 50 врвни уметнички дела на Трајковски, изработени во техника со актил и масло на платно.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој ја прогласи изложбата за отворена, истакна дека оваа изложба е прекрасно да се види, а вакви уметнички дела кои се толку оригинални и во кои е вложено многу љубов, не можат да се видат на друго место. Упарувајќи благодарност до академскиот сликар Новица Трајковски за неговиот придонес во развојот на културата, уметноста во општина Илинден, додаде дека тој е поттик и за многу други уметници да одат по неговиот пат.

Новица Трајковски ја нарече изложбата ,,Патување” но како што вели тој, ова не е обично патување, туку патување во светлината, во вистината.

Сите љубители на уметноста можат да ја посетат оваа изложба до 31 декември.