Хелсиншкиот комитет како овластено здружение за пружање на бесплатна правна помош, спроведува активности во рамките на проектот „Унапредување на пристапот до правдата во Република Северна Македонија“ – поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Италија за промоција на услугите на бесплатна правна помош.
За таа цел на ден 17.10.2022 година (понеделник) , Хелсиншкиот комитет ќе одржи отворен ден за бесплатната правна помош за сите заинтересирани граѓани на општина Илинден кој ќе се одржи во просториите на Домот на култура во н.м Илинден.
Активноста ќе се спроведува според следната агенда:
09:45-10:00 | Пристигнување и регистрација на учесниците |
10:00-10:15 | Воведни обраќања |
10:15-11:00 | Презентација за бесплатна правна помош |
11:00-14:00 | Дискусија и барања за бесплатна правна помош |
Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да го регистрираат своето учество на ден 17.10.2022 година во наведениот термин во Домот на култура во н.м Илинден.
ОПШТИНА ИЛИНДЕН