Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2025 година, пришто во текот на месец ноември граѓаните имаа можност да пополнат буџетски прашалник кој е достапен, во просториите на Општина Илинден како и електронски на веб страницата: ilinden.gov.mk, да ги искажат своите идеи и предлози и да учествуваат во подготовката на новиот буџет.
За таа цел ги известуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица дека ќе се одржи отворен ден во просториите на Општината на 30 ноември (сабота), со почеток од 10.00 до 13.00 часот и активно, заеднички да го креираме буџетот.
Жителите на Илинден имаат можност да бидат дел од промените и креирањето на Буџетот во Општина Илинден со директно учество за подобрување на квалитетот на локалните услуги и условите за живот.
Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните, затоа ваквата инклузивна можност воспоставува процеси на брзо и квалитетно решавање на проблемите на жителите.