Општина Илинден, во рамки на своите надлежности и заложби за унапредување на системот на социјална заштита и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објавува повик за доставување идеи, предлози и иницијативи насочени кон развој и унапредување на социјалната заштита на локално ниво.

Право на учество имаат здруженија на граѓани и фондации, правни субјекти, физички лица, неформални групи и други заинтересирани страни.

Идеите, предлозите и иницијативите треба да бидат насочени кон подобрување на постојните социјални услуги, развој на нови социјални услуги и иновативни модели на поддршка, унапредување на пристапноста и достапноста на социјална заштита, како и поддршката на лица и семејства во социјален ризик.

Доставените предлози ќе бидат разгледани и земени предвид при креирање на социјален план за општината, истите може да се достават во писмена форма по електронски пат на официјалниот мејл на општината (ilinden@ilinden.gov.mk) или во архивата на Општина Илинден најдоцна до 16.02.2026 година.