Општина Илинден, заедно со Иницијативниот одбор за млади, објавува повик за членови на конститутивното Локално собрание за млади во согласност со член 46-а, став 3, од Статутот на Општина Илинден и член 17, став 4, од Законот за младинско учество и младински политики.

Во Собранието на млади можат да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои не мора да бидат регистрирани во општината, но мора да имаат активности на територијата на Општина Илинден.

Ги охрабруваме сите лица кои се на возраст од 15 до 29 години и ги исполнува горенаведените услови да ги испратат своите Биографии на официјалната електронска пошта на Општина Илинден (ilinden@ilinden.gov.mk). Рокот за аплицирање е до 26.03.2026 година.