Општина Илинден, согласно Законот за младинско учество и младински политики, објавува повик за членови на Иницијативен одбор.
Во Иницијативниот одбор може да членуваат поединци, претставници на младински организации, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои функционираат на територијата на Општина Илинден.
Улогата на Иницијативниот Одбор е еднократна, односно телото се формира еднаш, со цел конституирање на Локалното собрание за млади, кое потоа ги избира членовите на Локалниот Младински Совет.
Ги повикуваме сите млади на возраст од 15 до 29 години, кои сакаат активно да учествуваат во креирањето политики на локално ниво и кои сакаат да придонесат кон подобра застапеност и услови за младите, да аплицираат на овој повик.
Повикот е со времетраење од 18.02.2026 заклучно со 27.02.2026 година, а вашите Биографии можете да ги испратите на официјалната електронска пошта на Општина Илинден, (ilinden@ilinden.gov.mk), со наслов “Апликација за Иницијативен Одбор”.

