Почитувани,
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави два јавни огласи за поддршка на домаќинства за купување инвертер клима уред и за финансиска поддршка на ранливи категории за потрошена електрична енергија.
Со цел навремено информирање на граѓаните, Општина Илинден ја споделува оваа важна информација и ги повикува сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат.
1. Јавен оглас за поддршка на домаќинства за купување инвертер клима уред
Краен рок за аплицирање: 5 октомври 2025 година Контакт: 071 319 074 / 070 381 162 Е-пошта: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk
Повеќе информации во врска со јавниот повик може да се најдете на линкот подолу: ЈАВЕН ОГЛАС за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, преку доделување на правото на купен и вграден инвертер клима уред – Јавни огласи – Односи со јавност – Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
2. Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија
Краен рок за поднесување на барање: 30 август 2025 година Контакт: 071 319 074 / 070 381 162 Е-пошта: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk
Повеќе информации во врска со јавниот повик може да се најдете на линкот подолу: ЈАВЕН ОГЛАС за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година – Јавни огласи – Односи со јавност – Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
Ги охрабруваме сите жители на Општина Илинден кои се дел од ранливите категории да ја искористат оваа можност и навремено да ги поднесат апликациите до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

