Под покровителство на Општина Илинден, и оваа година ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, традиционална културна манифестација која ги обединува љубителите на фолклорот, музиката и народната традиција.
Настанот ќе се одржи на 28 мај 2026 година (четврток), во Домот на култура „Илинден“ во н.м Илинден, со богата програма исполнета со музика и традиционални ора.
Фестивалската програма започнува во 19:00 часот со свечено дефиле на учесниците, кое ќе тргне од ПООУ „Гоце Делчев“ и ќе се движи од кружниот тек кон Домот на култура „Илинден“.
Свечениот концерт ќе започне во 20:00 часот во Амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапите на фолклорни групи од Македонија, Србија, Бугарија, Чиле и Босна и Херцеговина.
Општина Илинден ги поканува сите граѓани да бидат дел од оваа меѓународна културна вечер и заедно да уживаме во богатството на традиционалната музика, игрите и фолклорот.


