Во посета на градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, беа членови на здружението МТБ Илинден, кои по повод на успешно реализираната соработка, како знак на благодарност за поддршката на Општина Илинден за одржување на велосипедската тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2025” на градоначалникот му доделија благодарница.
Градоначалникот Георгиевски изрази голема благодарност до здружението и изјави дека Општина Илинден ќе продолжи да ги поддржува ваквите спортско-рекреативни настани што го поттикнуваат здравиот и спортски дух кај граѓаните.

