Општина Илинден и оваа година активно се вклучи во големата еколошка акција „Генералка викенд“, која се реализира со цел подигнување на јавната свест за значењето на чистата и здрава животна средина.

Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, општинската администрација, јавните комунални претпријатија, учениците и вработените од општинските училишта, како и голем број граѓани. Активностите се спроведоа на повеќе јавни локации низ општината, како и во училишните дворови.

„Генералка викенд“ е во организација на „Мен енд Маунтен“, а се реализира со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад. Главната цел на акцијата е поттикнување на еколошката свест и создавање навики за одговорно управување со отпадот и заштита на природата.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека зачувувањето на животната средина е заедничка одговорност и упати апел до граѓаните да покажат поголема грижа кон природата и отпадот да го одлагаат на соодветно определени места.

Во рамки на денешната акција беа собрани околу 30 м³ отпад, со што уште еднаш беше испратена силна порака за важноста од заедничко делување за почиста и поздрава животна средина.