Детското игралиште во Илинден, кое се наоѓа во рамки на Дом на култура „Илинден“ и кое неодамна беше пуштено во употреба, сега е вандализирано, односно искршено. Скршени се детските реквизити, лилашката, парчиња се расфрлани низ игралиштето, оштетени се клупите за седење, комплетно е уништена оградата.
Општина Илинден апелира до граѓаните да се подигне свеста за чување на јавните површини и урбаната опрема, да не се оштетуваат, бидејќи станува збор за катчиња направени за јавно добро на сите, особено за нашите најмали жители.