Општина  Илинден се вклучи во големата  еколошка акција „Генералка викенд“ која е во организација на „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад. Целта на оваа акција е да се подигне еколошката свест на граѓаните за почиста и поздрава животната средина.

Во еколоштака акција се вклучија општинската администрација, јавните комунални претпријатија, училиштата и граѓаните, каде се чистеше на повеќе локации на територијата на општина Илинден. Во текот на акцијата се вклучија и претставници од Црвен Крст кои се погрижија за безбедноста на учесниците.

Со оваа голема еколошка акција Општина Илинден упатува апел до граѓаните да покажат поголема грижа за природата и природните ресурси, а отпадот да го одлагаат на места соодветно определени за таа намена.