Општина Илинден по повод 27 Меѓународна Литературна Манифестација „Илинден 2026“ распишува литературен награден конкурс на тема „Екскурзија во моето омилено место во светот“. За учениците од основните училишта од општина Илинден.

Правила за пријавување:

  • Право на учество имаат учениците од VI до IX одделение од ООУ„Гоце Делчев“ – н.Илинден, ООУ „Ристо Крле“ – Кадино, ООУ „Браќа Миладиновци“ – Миладиновци.
  • На темата „Екскурзија во моето омилено место во светот“, учениците може да пишуваат поетски творби за нивното омилено место во светот кое сакаат да го посетат.
  • Еден ученик може да учествува само со една творба.
  • Литературните творби да бидат оригинални и да одговараат на зададената тема.
  • Творбите да ги содржат следните податоци: име и презиме на ученик, одделение, училиште и име и презиме на ментор.
  • Собраните творби од учениците се доставуваат во Општина Илинден во хартиена форма и електронски на официјалната емаил адреса: ilinden@ilinden.gov.mk.

Конкурсот трае од 23.3.2026 до 23.4.2026 година.

За уредно доставени дела ќе се сметаат само оние што ќе ги исполнат сите барани критериуми.

По извршената селекција, стручното жири ќе ги одбере најдобрите творби и за истите, учениците свечено ќе добијат пофалници и награди.