Во Општина Илинден продолжуваат градежните активности со несмален интензитет, во соработка со општествено одговорни компании се асфалтира улица „2“ во стопански комплекс „Илинден“.
Грижата за успешно функционирање на бизнис секторот е дел од програмата за работа на локалната самоуправа, досега се асфалтирани 150 метри од лица „6“ во економската зона, во која во текот на следната година ќе се асфалтираат уште 450 метри.
Општина Илинден ја подобрува патната инфраструктура во секој дел од општината, заеднички и во партнерство со општествено одговорни компании ќе продолжат и во наредниот период.