Општина Илинден отпочна со изградба на трим патека која се протега од населеното место Ајватовци до Бучинци.
Трим патеката во должина од околу 5 километри, ќе биде наменета за пешачење, рекреација, како и планински велосипедизам, а ќе бидат поставени информативни табли, летниковци за одмор на граѓаните, клупи, корпи за отпадоци.
Денеска увид во градежните работи направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека изградбата на оваа трим патека е со цел поголема искористеност на туристичкиот потенцијал кој го поседува Ајватовски рид, а од големо значење е и за оние граѓани кои имаат спортски и авантуристички дух.
Проектот за изградба на трим патеката е предвиден и во Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026, а локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму во реализација на проектите.