Во насока на навремено и брзо одржување на канализациските системи, и подобрување на квалитетот на комуналните услуги, како и обезбедување на самстојност во работата, ЈКП Водовод и Oпштина Илинден , набавија машина со која ќе се пробиваат запушените канализации.
-Со оваа набавка ќе се реши повеќегодишниот проблем, воедно ќе се намалат трошоците кои претпријатието ги имаше со ангажирање на надворешни фирми за услуги во пробивање на запушувањата на канализациските линии, рече градоначалникот Александар Георгиевски.
Општина Илинден и ЈКП Водовод, продолжуваат со реализацијата на планот за брзо и ефикасно решавање на комуналните проблеми, ефикасност при работата, одржување на максимална функционалност на канализациските системи, водејќи сметка за потребите на жителите во општината и функционалноста на инфраструктурата.