На ден27.07.2023 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Настанот ќе се одбележи со музичко забавна програма со настап на македонските пејачи Панчо и Андреј од дуото ДНК, Миле Кузмановски и КУД „Гоце Марковски”. Во рамки на одбележувањето со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена ликовна изложба на десетина уметници од Општина Илинден.

Годинава настанот ќе биде ѝ од хуманитарен карактер, ќе биде поставена кутија за донации, со цел да му се помогне во лекувањето на малиот Алексеј кој боледува од ретка болест.