На ден 28.07.2022 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.
Манифестацијата по повод одбележувањето на Денот на Општината ќе ја отвори оперскиот пејач Никола Стојчески со интонирање на државната химна, а подоцна ќе настапат добро познатите македонски музички изведувачи, Ибуш Ибраимовски и Ламбе Алабаковски.
Во рамки на одбележувањето ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција на ден 26.07.2022 година (вторник) од 09:00 до 15:00 часот, во холот на Домот на култура ,,Илинден”.